Прилепскиот градоначалник се активира и како лекар на инфективното одделение

Од:

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, кој по професија е специјалист ортопед, од денеска се вклучува да помага како лекар на Инфективното одделение во Прилеп.

Јованоски, поттикнат од, како што вели, драматичниот недостиг од медицински персонал, максимално ќе се вложи да помогне.

– Понудив, од колегите и од болницата беше прифатено да им помагам на колегите на Инфективното одделение технички, организационо и како лекар во наредниот период. Не се знае до кога ќе биде ангажманот, можеби и во наредните месец-два, зашто периодот е повеќе од драматичен со недостигот од медицински персонал, изјави Јованоски пред инфективното одделение.

Јованоски нагласува дека ќе ги извршува и градоначалничките обвски кои сега се во помал обем. Сака да упати порака до сите колеги колку што може да се вклучат.

– Сакам да дадам пример и да ги повикам сите колеги кои досега не биле вклучени, од матичните, медицински сестри и болничари да се вклучат и да им помогнат на пациентите, зашто напливот е повеќе од загрижувачки. Од друга страна, в петок на седница на општинскиот совет ќе побарам да се одвојат средства, доколку е потребно, за сите медицински лица кои како волонтери ќе се јават да помогнат, изјави Јованоски.

Инаку, само за една недела во Прилеп има 377 нови случаи на заразени, 106 пациенти се на болничко лекување и 15 пациенти починаа како последица и компликација од корона-вирусот. Деновиве на Инфективното одделение ќе заврши инсталацијата на централниот довод за кислород. пацвиентите од инфективното се префрлени на ковид-одделенијата во Болницата. На инфективното функционира амбулантата за преглед. Дневно има околу 100 пациенти и уште 30-ина кои примаат терапија секој ден.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Во Прилеп денеска е ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица

Катерина Ѓуровски

Двајца лекари и ренген-технчар се жртвите во тешката сообраќајна несреќа кај Прилеп

Четворица повредени во сообраќајка во Прилеп

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

Еден тешко повреден во судар на автомобил и мопед во Прилеп