Прилепски карневал „Прочка 2019“

Од:

Околу 300 учесници со 15 групни и неколку поединечни маски од прилепските училишта денеска ја загреаја карневалската атмосфера во Прилеп на карневалот „Прочка 2019“.

Многу инвентивни и креативни маски: Петар Пан, уметниците и нивните слики, рециклирање за заштита на животната средина, цвеќиња и многу други маски дефилираа на булеварот во центарот на градот на денешниот детски карневал.

Денешното карневалско дефиле го отвори прилепскиот градоначалник Илија Јованоски нагласувајќи дека се поголема е креативноста на маските.

– Младите се иднината на карневалот и воодушевува нивната инвентивност и креативност. Имаме многу гости и посетители, а така очекуваме да биде и утре на големото карневалско дефиле, рече Јованоски.

Според Ванчо Георгиев, претседател на здружението „Прилепски мечкари“ во Прилеп веќе пристигнаа гостите и учесниците од речиси цел Балкан, а за утре се најавуваат досега невидени маски.

– Задоволство е да се видат маските на младите кои се иднината на карневалот. Веќе има многу гости и ова е карневалски туризам. Специјално посетители дојдоа на карневалот од Србија и од Бугарија. Утре ќе има преку 600 маски од Македонија и цел Балкан, а ќе биде претставена и посебна оригинална маска на прилепчани. Ова е голема традиција која се надградува, рече Георгиев.

Големиот број посетители денеска на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ ги воодушевуваа и десетината уметници од трупата „Статуа фест“ со уметници од Балканот кои се сликаа и со посетителите.

– Ние сме уметници од Нови Сад. Мајстор и Марганита. Го изведуваме пиратскиот акт. Тешко е да се стои долго, но атмосферата е одлична и има многу посетители, рекоа уметниците од Нови Сад.

Утре од 13 часот во центарот на Прилеп е големото дефиле на преку 500 маски од Македонија и од балканските земји кои треба да доведат до кулминација на карневалската маска. Се подготвуваат и прилепските мечкари, кои се заштитна маска на карневалот и го отвораат. Денеска, според традициите ги покануваат касапите и гостите на Прочка.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Попоски: На Прилеп му се случува невидена градежна офанзива, ама неа се уште никој не ја видел

Горан Наумовски

Во Прилеп свечено отворен 59. МТФ „Војдан Чернодрински“

Предраг Петровиќ

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Маж падна во провалија, со тешки повреди згрижен е во прилепската болница

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница