Прилепската болница и службата за Итна медицинска помош ги добија првите заштитни штитови за лице

Од:

Над 50 штитови за лице Општина Прилеп распредели денеска во прилепската градска болница „Борка Талески“. Заштитните 3Д-штитови, превенствено се наменети за персоналот од Инфективното одделение како и за лекарите специјалисти и останатиот медицински персонал кој е во непосреден контакт со пациентите.

Според директорот на прилепската болница, Драган Богоески, заштитните штитови ќе се користат во ситуација кога здравствените работници се во контакт со лица заболени од коронавирусот, или со други пациенти за кои постои сомневање дека се заразени со коронавирус.

Заштитни штитови добија и вработените во Итната медицинска помош, кои во новонастаната ситуација со пандемијата, имаат потреба од дополнителна заштита.

Во текот на утрешниот и следните денови, здравствените установи од Прилеп ќе добијат онолку заштитни штитови колку што им се потребни.

Од „Ипринт“, прилепската компанија која ја започна идејата и ја спроведе во делот со повеќе компании во Прилеп, велат дека ќе ја интензивираат изработката на заштитни штитови и дека во соработка со фирмите „Резонатор“ и „Графика Дизајн“, на дневна основа ќе произведуваат значително поголеми количини на штитови кои, идентично како и заштитните маски, општина Прилеп ќе ги распределува според приоритети.

Заштитните 3Д-маски се ставаат над заштитната платнена маска за да обезбедат поголема заштита од зараза.

Прилепската компанија „Ипринт“ ја почна реализацијата на оваа идеја, која треба да премине во пошироко производство, поттикната од пример на ентузијасти во Италија кои саа да им помогнат на медицинскиет лица, најдректно соочени со заразата при појавата на корона вирусот. Со поддршка на локалниет власти од прилеп отворена е и Фејсбук страница „3Д принт“ на која се пријавуваат фирми кои може да го забрзаат производството на овој вид заштитни средства.

Би можело да ве интересира

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница

Истрага за 50-годишен прилепчанец за обид за убиство на социјален работник

А1он

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во социјалното во Прилеп

Тешко ранета е вработена во прилепскиот Центар за социјални работи

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Китаноски: Борче Јовчески ќе остане запаметен и по расипничкото и неодговорно трошење на парите на граѓаните

Дисциплинска казна за здравствените работници кои учествувале во лекувањето починатите новороденчиња

Горан Наумовски