Прилепчанка глумела бајачка во Дебар, зела златен накит и не го вратила

Од:

37-годишна измамничка од Прилеп се претставила како бајачка пред жена во Дебар, која успеала да ја убеди да ѝ даде златен накит. Накитот требало да биде дел од „баењето“, но прилепчанката никогаш не ѝ го вратила на сопственичката, велат од полицијата.

„ОВР Дебар поднесе кривична пријава против А.Р.(37) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Таа, со намера да прибави противправна корист, на 18.07.2021 свесно довела во заблуда жителка на Дебар на која, претставувајќи се како бајачка, ѝ побарала златен накит и не го вратила“, се вели во полициското соопштение.

Од неодамна, особено по пристигнувањето на иселениците, на главната улица во Дебар е зголемен бројот на питачи, жени и деца, кои главно се од Прилеп и Велес, а ги има и од Битола и Гостивар.

Ова е редовна појава во летниот период кога во родниот крај доаѓаат иселениците за кои питачите велат дека се подарежливи од мештаните. За пазарење во Дебар секојдневно доаѓаат и луѓе од соседните општини Центар Жупа и Маврово и Ростуше, односно од долнореканскиот крај.

Полицијата во соработка со Меѓуопштинскиот центар за социјална работа спроведува акции за нивно отстранување од улиците, но тие повторно се враќаат во поголем број, посебно од средината на јули до крајот на август, кога присуството на иселениците е најмасовно.

Би можело да ве интересира

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари