Прилепчани пијат здрава и квалитетна вода

Од:

Граѓаните на општина Прилеп и општините од пелагонискиот регион Кривогаштани и Долнени, вклучувајќи ги и Крушево и Македонски Брод, пијат здрава и чиста вода. Екипите од Центарот за јавно здравје континуирано ја следат ситуацијата на терен и го следат системот Студенчица од повеќе мерни места.

Од одделот за хигиена потенцираат дека вршат увид врз водоснабдителните објекти, а исто така, земаат примероци од водата од сите населени места, бидејќи покрај безбедноста и квалитетот на водата за пиење треба, да се внимава и на состојбата на водоснабдителните објекти, на пречистителните станици и на изворите.

Надлежните од Центарот за јавно здравје додаваат дека и при најмали нарушувања на безбедноста на водата се преземаат соодветни мерки, како хлорирање, превривање на водата, чистење на водоснабдителните објекти, сѐ со цел на граѓаните да им се обезбеди здрава вода за пиење. Според директорот на Центарот за јавно здравје, Гоце Ингилизов, прилепчани генерално пијат здрава и исправна вода според сите параметри. Според него, во иднина би требало да се реши проблемот со некои населени места што немаат свои водоводи и користат вода од селските чешми и бунари.

Прилепчани во овој период од годината имаат доволни количини на вода, а екипите на одделот за хигиена и во иднина ќе продолжат да вршат увид на градскиот водовод со цел на граѓаните да им се обезбеди квалитетна и чиста вода за пиење.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Попоски: На Прилеп му се случува невидена градежна офанзива, ама неа се уште никој не ја видел

Горан Наумовски

Во Прилеп свечено отворен 59. МТФ „Војдан Чернодрински“

Предраг Петровиќ

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Маж падна во провалија, со тешки повреди згрижен е во прилепската болница

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница