Прилепчани од утре со акции за расчистување на изгорените конаци во Трескавец

Од:

Педесеттина прилепски планинари утре од 7 часот тргнуваат пеш до манастирот Трескавец за да ја почнат првата од многуте неделни акции за расчистување на изгорените конаци.

– Нема ништо да не спречи утре да стигнеме до Трескавец. Педесетина планинари се подготвени да го изодат тешкиот пат, за какви било возила моментално непрооден по снегот деновиве. Ќе го расчистиме теренот за да направиме простор за новата акција, вели Ице Димески, претседател на планинарското друштво „Картуш“.

Утре ќе се работи во приземниот дел, за потоа, со втората неделна акција ќе се постават скелиња за расчистување на катот на конаците. Алатот од ЈП „Комуналец“ е веќе транспортиран во манастирот. Општинското кординативното тело ќе ја надгледува акцијата.

Деновиве од Заводот и музеј и јавните претпријатија ја скенираа состојбата и е одредено што може да се расчистува.

Синоќа се одржа и првиот добротворен концерт. Своите најпознати песни на платото на плоштадот „Александрија“ ги изведе прилепската група „Крос роуд блуз бенд“. Собрани се и првите 10.000 денари доброволни средства од прилепчани и веднаш се уплатени на жиро-сметката за манастирот.

– Воопшто не се колебавме за концертот наменет за обновата на „Трескавец“. Ќе ги има континуирано. По овој веќе за идниот викенд е најавен концерт на прилепското музичко училиште „Ордан Михајлоски Оцка“, а интерес најавуваа и повеќе музички ѕвезди од земјава, вели Бранко Нешкоски од општинското Координативно тело за обнова на манастирот.
– Од утре се ќе биде поинаку. Почнува битката за големото светилиште Трескавец да се издигне повторно од пожарот и пеплиштата. Прилепчани застануваат простум како и пред 23 години, вели прилепскиот градоначалник Марјан Ристески.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Спасени се две туристки од Полска кои паднале во пресек од карпа над провлија кај „Трескавец“

Се бараат доброволци за гаснење на пожарот кај Трескавец

Наум Локоски

ЦУК: Повторно е активен пожарот во близина на Трескавец

Наум Локоски

Трескавец се уште во опасност, голем број доброволци се борат со огнената стихија

Наум Локоски

Околу 140 луѓе внимаваат на пепелиштето околу манастирот Трескавец

Ана Ололовска

ЦУК: Пожарот околу манастирот Трескавец ставен под контрола

Ана Ололовска