Прилепчани го прославуваат „Ѓурѓовден“

Од:

Со закитување на домовите со млади гранчиња и со одење во црквите прилепчани денеска го прославуваат верскиот празник Ѓурѓовден.

Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески ги посети манастирите и црквите во околината на градот каде традиционално се одбележува големиот христијански празник.

– На сите православни верници им упатувам искрени честитки по повод најголемиот христијански празник, Воскресението Христово – Велигден и Ѓурѓовден. Посакувам мигови на разбирање, љубов, надеж и бериќет во секој дом и Господ да ги поведе во радоста на празникот и во љубовта кон верата, изјави Ристески.

Тој упати честитки и до ромското население кое традиционално го одбележува празникот Ѓурѓовден.

Би можело да ве интересира

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он