Прилепчани дисциплинирано со заштитните средства, подарени 15.000 маски

Од:

Прилепчани од изутрината ги применуваат задолжителните мерки за носење заштитни средства: маски, ракавици, шалови, марами на лицето. Иако нема голема раздвиженост поради дождливото време, но сите се придржуваат на владините мерки. Прилепчани се согласуваат за задолжителното носење, особено на маските кои со ракавиците се најбарани во аптеките.

Локланите власти преку волонтери денеска на минувачите во центарот на градот им делеа заштитни маски.

Според прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, Кризниот штаб со полицијата направи оперативен план за контрола на примената на мерките.

– Се контролира примената на мерките и според искуството од вчерашниот ден кога имаше редици, особено пред банките, со исплаќањето на субвенциите на тутунарите кои се придржуваа на редот, очекувам и денеска и наредниот период да се почитувата мерките. Сето е за превентивна заштита на населението и не смееме да бидеме несериозни спрема здравјето, вели Јованоски.

Денеска Општината подели 15.000 бесплатни заштитни маски. Од нив, 10.000 маски им беа дистрибуирани на претседателите на Урбаните заедници, 3.000 маски на Здружението на пензионери, 500 на Здружението на инвалидски пензионери, а останатите им беа поделени на граѓаните кои беа затекнати пред банките, маркетите, Градскиот пазар и Старата чаршија.

Во доброволното производство и донирање заштитни маски речиси еден месец работат три фирми. Прво почнаа во фирмата „Гифти текс“, а потоа заедно и со фирмите „Фешн линк“ и Стан мк“. Според Горан Илијоски, досега произвеле и донирале околу 70 000 заштитни маски, прво за медицинските установи и јавни претпријатија, а во последно време за граѓаните.

– Досега произведовме околу 70.000 маски, а до крјаот на месецов таа бројка ќе достигне до 100 000. Се е на доброволна основа и потребата да се помогне во општеството, вели Илијоски.

Инаку, голем е бројот и на поединци и други субјекти кои доброволно изработуваат маски.

Неуморно работеа и прилепските компании на изработка на визири преку 3Д технологијата, главно за медицинскиот кадар. Први почнаа „Ипринт“. Зоран Дамчески вели дека се придружија и други фирми од други градови, а има и ногу кои не сакаат да се експонираат. Вели, важно ни е да ги снабдиме медицинските лица, нашите херои.

– Акцијата за подарување на овие визири, исклучиво за доктори и за нивниот медицински персонал, започна спонтано. Ни се приклучија уште три фирми, колеги и тројца младинци од Прилеп. За овој период само во Прилеп имаме вкупно направено 3.200 визири и сите се подарени, дел во Прилеп, поголем дел во Скопје и за другите општини. Фајловите за изработка ги објавивме на Интернет. Многу е добро што иста ваква акција презедоа и други донатори, независно едни од други, Охридско-Струшкиот регион, подарени се 2.000 визири, Во Кочанско 1.000, Кавадарци повеќе од 1.500, во Куманово над 1.000, во Струмица млади деца изработија и подарија 1500 визири.
Швајцарската компанија Ронтис се објави со поклонување на визири и многу други општествено одговорни фирми од Скопје кои и не сакаат да бидат експонирани, само минатата недела поклонија 1.500 визири. Најбитно е што сите добри луѓе работеа со свои средства и не побараа да им се донираат на нивните сметки. Сепак вистинските херои се лекарите и медицинскиот персонал во прилеп и низ цела Македонија, вели Дамчески.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Во Прилеп денеска е ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица

Катерина Ѓуровски

Двајца лекари и ренген-технчар се жртвите во тешката сообраќајна несреќа кај Прилеп

Четворица повредени во сообраќајка во Прилеп

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

Еден тешко повреден во судар на автомобил и мопед во Прилеп