Полицијата поднесе кривична пријава против 24 годишен прилепчанец, за предизвикување општа опасност и недозволено изработување, држење и тргување со оружје.
Пред речиси еден месец настанала прво вербална, а потоа и физичка пресметка помеѓу пријавениот од една страна и уште двајца прилепчани, татко и син од другата страна.
Откако екалирале недоразбирањата, пријавениот отишол дома и земал пушка, што ја поседувал без дозвола, се вратил пред домот таткото и синот и испукал два куршуми во воздух.
Бидејќи никој не излегол од куќата, продолжил да пука кон прозорците оштетувајќи неколку стакла. Полицијата излегла на лице место и сега се чека судска разврска на случајот.