Прилепчанец пријавил дека бил нападнат од соседот, по што му ја скршил влезната врата

Од:

Вчера попладнето во Прилеп, С.Т. пријавил дека на улица „Савка Манеска“, пред сопствената куќа бил физички нападнат од страна на неговиот сосед К.К.(58), со удари со метална патерица.

По физичкиот напад, според пријавеното, К.К. се упатил кон домот на оштетениот, ја скршил влезната врата и го нападнал и С.Х.

Сторителот е приведен во полициска станица Прилеп, по наредба на Јавен обвинител од истиот е одземена ловна пушка и патрони, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ: Во Ново Село организираната криминална група прати насилници да ги тепаат младите – затоа што се плашат од вистината!

Горан Наумовски

Уапсен е службеник во Агенција за вработување – барал мито од прилепчанец за да не му ја укинат социјалната помош

А1он

Драма на летот за Ливерпул: Избувна масовна тепачка, авионот слета принудно

Горан Наумовски

36-годишен маж од Гази Баба е претепан од партнерката

Голем дефект на водоводна цевка ја поплави прилепската противпожарна единица