Во Прилеп синоќа околу 18 часот К.К.(38) телефонски се договорил да се сретне со М.Д.(41) од Прилеп. На наведеното место К.К. дошол заедно со П.К.(39), А.П.(32), Ј.Н.(31), сите од Прилепско и уште едно непознато лице и веднаш физички го нападнале М.Д., удирајќи го со тупаници и клоци и тврди предмети по телото, од што М.Д. паднал во бесознание.
МВР денеска соопшти дека М.Д. е пренесен во Медицински центар Прилеп каде се констатирани тешки телесни повреди и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.