Прилеп треба да отвори центар за лекување на зависности

Од:

На Прилеп му е нопходно отворање центар за лекување зависности и системско решавање на проблемот со зависностите и со превенцијата и лекувањето од ХИВ, беше истакнато на денешната тркалезна маса во Прилеп на тема „Институционална поддршка и мобилизација на локалното население во Прилеп за поддршка на програмите за превенција од ХИВ“ во организација на прилепскиот Црвен Крст. Од поголемите градови единствено нема таков центар во Прилеп и во Гостивар.

Според Христијан Јанкуловски, извршен директор на ХОБС од Скопје, од првиот случај на ХИВ во Македонија во далечната 1987 година, досега има над 400 случаи. Се уште се вбројуваме во земја која е со ниска стапка на ХИВ за разлика на регионот околу нас.

-Многу е важно да се сфати дека ХИВ не е далеку од нас. Со ХИВ се живее, терапијата е современа. Она што му недостига на Прилеп е центар за лекување зависности. Граѓаните кои имаат проблем патуваат во Битола или во Кавадарци. Локалните од централните власти треба да побараат да се овозможат и човечки и просторни капацитети за да се отвори таков центар. Во рамките на Министерството за здравство постои програма за лекување зависности што за оваа година е приближно 80 милиони денари. Има и стручен кадар во прилепската болница, особено психијатриски. Само е потребна повеќе политичка волја, на локално и на централно ниво. Ризични групи не постојат. Сите сме ризични на различен начин. Но битно е да ги знаеме превентивните мерки и да ги поддржуваме организациите што тоа го прават. Локалната самоуправа треба во следните години да се вклучи со соодветен буџет за превенција од ХИВ на ранливите категории. Моментално на третман во Скопје се околу 200 луѓе со вирусот ХИВ, изјави Јанкуловски.

Меѓународното финансирање на програмите траеше 14 години, во кои беше вклучен и Прилеп. Општинската организација на Црвениот крст ги носеше клучните активности за превенција на ХИВ помеѓу ранливите категории граѓани, пред се, кон лицата кои инјектираат дроги. Кога заврши меѓународното финансирање, владата имаше должност да ги преземе овие програми и од 2018 година се финансирани од националниот буџет, од програмата за заштита на населението од ХИВ СИДА со вкупен буџетот од 47 милиони денари. Тоа вклучува превенција кај ранливите групи, поддршка на локалните институции што работат на ова и третманот со антивирусна терапија.

-Третманот се уште се одвива на Клиниката за инфективни болести, а превентивните активности ги изведуваат граѓанските организации во 14 градови, вклучувајќи го и Прилеп. Превенцијата ги опфаќа ранливите категории и лицата кои живеат со ХИВ, а во Прилеп има такви лица. До ден-денес се соочуваат со силна стигнатизација и маргинализација. Токму денешната трибина е сите локални институции да дадат поддршка на активностите на Црвениот крст и на Центарот за јавно здравје. Во превентивните мерки се вклучени и полицијата и затворот во Прилеп, матичните лекари, градската болница, објаснува Јанкуловски.

Марија Ангелеска, координатор на Центарот за намалување на штети при „Црвен крст“ Прилеп вели дека за 12 години работа имале евидентирано 250 лица кои инјектираат дроги и потребно е системско решавање на проблемот.

– Неопходен е тој центар за лекување зависности во Прилеп. Ова што го работиме го нарекуваме „Центар со низок праг“ за да се спаси човечки живот и да се мотивираат луѓето во заштитен начин на однесување и за себе си и за околината. Ги препраќаме до соодветни иституции, а понатаму до ресоцијализација и реинтеграција во општеството. Порано беше главна употребата на хероин, сега е во подем злоупотребата на медикаментозната терапија, антидепресиви, аналгетици, психотици кои во разни комбинации предизвикуваат многу голема штета, заедно со некои синтетички дроги. Друго е да знаат дека некој се грижи за нив и се работи на тоа. Како Црвен крст цело време се обидуваме да го акцентираме значењето на оваа проблематика, објасни Ангелеска.

Би можело да ве интересира

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он