Прилеп со успешна крводарителска акција

Од:

Голем одзив на крводарителската акција што денеска се спроведе во просториите на прилепската локална самоуправа. Акцијата беше на иницијатива на градоачалникот Илија Јованоски, а во соработка со Институтот за трансфузиологија од Скопје

-Денеска на моја иницијатива, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, во просториите на Општината се одржа крводарителска акција. Одзивот на граѓаните за акцијата е голем, за што ја искажувам мојата благодарност за високиот степен на покажана свест, солидарност и хуманост, изјави Јовноски.

Јованоски нагласи дека друвањето крв е секогаш добра идеја, дури и во актуелни услови на пандемија на Ковид-19, зашто има болни на кои нашата крв им е неопходна и кои не може и не смеат да го чекаат крајот на пандемијата.

При крводарителската акција беа преземени сите безбедносни мерки, според протоколите за заштита од коронавирусот.

Инаку, според информациите од Центарот за јавно здравје од Прилеп, досега се извршени 642 тестирања, од кои 159 биле позитивни на коронавирус. Вкупниот број на излекувани лица изнесува 68. На инфективното одделение во Прилепската болница се хоспитализирани 13 лица, позитивни на коронавирусот. Еден од нив е на кислородна поддршка, останатите се со стабилна клиничка слика. Во делот за изолација се наоѓаат четири пациенти, двајца од нив се негативни на коронавирусот, а на другите двајца земен им е брис и се чекаат резултатите.

Во Прилеп во самоизолација се 236 граѓани. Во текот на продолжениот првомајски викенд, забележани се шест нарушувања на полицискиот час.

Инаку, за заштита на населението, во саботата и во неделата Прилеп спроведе акција за дезинфекција на населените места. Со земјоделска механизација на месното население, дезинфицирани беа улиците во петнаесетина населени места, меѓу кои и Мажучиште, Галичани, Кадино село, Мало и Големо Коњари, Беровци, Алинци и други.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Китаноски: Борче Јовчески ќе остане запаметен и по расипничкото и неодговорно трошење на парите на граѓаните

Дисциплинска казна за здравствените работници кои учествувале во лекувањето починатите новороденчиња

Горан Наумовски

Детето кое падна од прозорец е одличен и дисциплиниран ученик, тврди директорката на училиштето во Прилеп

А1он

11-годишник тешко повреден откако падна од трет кат во училиште во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Вонреден инспекциски надзор во прилепската болница по смртта на новороденчињата близначиња

Катерина Ѓуровски

Пуштена во употреба делницата Градско – Дреново, дел од експресниот пат Градско – Фариш

Катерина Ѓуровски