Прилеп се вклучи во еко-акцијата „Општините во Македонија чистат“

Од:

Во рамките на еко акцијата „Општините во Македонија чистат“ денеска се вклучи и Прилеп.

Над сто вработени во локалната самоуправа и во јавните претпријатија се вклучија во акцијата и со соодветна механизација денеска се чистеше на неколку локации,а поединци и излчечтничките места, посебно кај вештачкото езеро.

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски објаснува дека оваа еко-акција е договорена на Заедницата на локалните самоуправи.

– Оваа обемна еко-акција е договорена на годишното собрание на ЗЕЛС на 28 април. Ја организиравме акцијата со вработените во локалната самоуправа и јавните претпријатија и се надевал дека нашата свест за чување на околината и да не се фрла сметот ќе бележи нагорна линија, рече Јованоски.

Според Ѕвонко Јованоски, директор на прилепски „Комуналец“, механизацијата чисти на неколку локации каде има диви депонии.

– Една екипа со механизација од приватната фирма „Изофас“ и ЈП „Прилепско поле“ чистат на потегот од хотелот „Салида“ кон бензиската пумпа „Лук Оул“, на патот за Скопје. Друга екипа со механизација од ЈКП „Комуналец“ чисти кон „Прилепска Пиварница“, а трета, пак, со механизација од ЈКП „Водовод и канализација“ ја чисти депонината на патот кон селото Оревоец, изјави Јованоски.

Вработените од Општина Прилеп и јавните претпријатија ги чистат бројните диви депонии кај Вештачкото езеро до чешмата на патот за рудникот „Сивец“.

Од прилепски „Комуналец“ информираат дека денеска од депониите се подигнати околу 200 метри кубни смет и градежен шут, а од околината на Вештачкото езеро се собрани над 25 метри кубни отпад.

Во поголемата акција овој период од десет диви депонии, „Комуналец“ исчистил шест и апелира граќаните да не го фрлаат сметот, да се јават во претпријатието или сами да го депонираат во депонијата кај Алинци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Китаноски: Борче Јовчески ќе остане запаметен и по расипничкото и неодговорно трошење на парите на граѓаните

Дисциплинска казна за здравствените работници кои учествувале во лекувањето починатите новороденчиња

Горан Наумовски

Детето кое падна од прозорец е одличен и дисциплиниран ученик, тврди директорката на училиштето во Прилеп

А1он

11-годишник тешко повреден откако падна од трет кат во училиште во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Вонреден инспекциски надзор во прилепската болница по смртта на новороденчињата близначиња

Катерина Ѓуровски

Пуштена во употреба делницата Градско – Дреново, дел од експресниот пат Градско – Фариш

Катерина Ѓуровски