Прилеп постави фотоволтаични системи за заштита на животната средина

Од:

Прилеп постави фотоволтаични системи на Градскиот пазар и на Дневниот центар за лица со церебрална парализа за заштита на животната средина и за заштеда на електрична енергија. Проекот во предност од преку 3,3 милиона денари е преку Пелагонискит плански регион, финансиран од Програмата за рамномерен регионален развој при Министерството за локална самоуправа.

Фотоволтаичните системи со моќност од 15 и 16 киловат часови ќе заштедат енергија и ќе апсорбираат преку 56.000 килограми јаглерод диоксид во воздухот.

Увид во работењето денеска направија министерот за локална самоуправа Горан Милевски, директорот на пелагонискиот плански регион Гого Видимче и прилепскиот грдоначалник Илија Јованоски.

Според Јованоски, Прилеп предничи со иницијативите за заштита на животната средина.

-Правиме увид за поставувањето на фотоволтаичните системи на Градскиот пазар и на Дневниот центар на лица со церебрална парализа. Преку пелагонискиот плански регион направивме два проекти. Јачината на секој систем е околу 16 киловати кои ги задоволуваат потребите на Градскиот пазар и на Дневниот центар. Со ова покажуваме дека како Приштина продолжуваме со мерките за условите и за подобрување на животната средина во градот. Инаку, минатата недела ги исплативме средствата за 612 семејства во Прилеп на име субвенции за набавка на инверетер-клими и велосипеди, нагласи Јованоски.

Kако што истакна Горан Милевски, министер за локална самоуправа, безрезервна е поддрѓката на ваквите проекти.

-Проектите се финансирани преку програмата на Министерството за локална самоуправа, преку Бирото за рамномерен регионален развој. Пелагонискиот плански регион аплицираше за средства за заштитата на животната средина. Така, во Прилеп се направени два фотоволтаични системи. Системите се 15 и 16 киловатни. Вредноста на проектот е 3,3 милиона денари, обезбедени преку Министерството со учество на прилепската локална самоуправа. И понатаму ќе поддржуваме вакви проекти за заштита на животната средина, зашто со овој проект во Прилеп со 56.000 килограми СО2 ќе го заштитиме Пелагонискиот регион, зашто толку помалку ќе има загадување на воздухот. Инаку, во регионот, општина Битола преку платежната агенција, исто, во Пазарот, исталирашер фотоволтаичен систем. Сѐ зависи од општините и Планските региони какви проекти аплицираат, а ние ги поддржуваме, изјави Милевски.

Милевски нагласува дека започнат е процесот на либерализацијата на пазарот преку Законот за енергетика преку Комисијата за енергетика во Собранието.

-Овозможивме таа да се инсталира и во приватни капацитети. Се уште има нејаснотии околу вишокот на струја и продажбата, бидејќи треба да се најде некој да ја купува таа струја. Тоа во иднина треба да се разработи. Сега е дозволено само за производство и за сопствено користење. Инаку, заштедите од овие системи се од 5 до 7 години. Засега инвестирањето во фотоволтаици за граѓаните не е евтино, чини околу 20.000 евра, ама за 5 до 7 години доаѓа исплатливоста. Но, како што се шири набавката на фотоволтаиците, така може да паѓа цената, па очекувам во наредниот период цената да биде пониска за да може што повеќе граѓани да искористат, вели Милевски.

Според Гого Видимче од Пелагонискиот плански регион се следат потребите на жителите на 9-те општини од регионот.

-Овој проект го реализиравме преку програмата за Регионален развој на Министерството за локална самоуправа и преку Бирото за регионален развој. Нормално, се намалува емисијата на штетни гасови и има заштеди на електричната енергија. Инаку, ова е еден од проектите за развој на пелагонискиот регионза 2019 година. Тогаш, за 9-те општини имавме одобрени проектово вредност од 40 милиона денари, а за годинава одобрените рпоекти се во вредност од 38 милиона денари преку програмата за Рамномерен регионален развор при Министерството за локална самоуправа, рече Видимче.

Би можело да ве интересира

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он