Прилеп ќе ги дезинфицира пристапите до избирачките места

Од:

Во соработка со Јавните комунални претпријатија и противпожарната единица утре ќе бидат дезинфицирани прилепските улици, тротоарите, јавните површини и сите пристапи до избирачките места во градот. Со акцијата ќе бидат опфатени и населените места, при што волонтери со сопствена земјоделска механизација ќе ја спроведат дезинфекцијата на улиците кои водат до објектите во кои граѓаните ќе може да го остварат своето право на глас.

Ова е една од информациите по состанокот на прилепскиот Општински кризен штаб која ја разгледа моменталната состојба со коронавирусот во Општината.

Според информациите од Центарот за јавно здравје, во Прилеп денеска има пет нови случаи на коронавирус, а од болестa оздравеле четири лица. Има 63 активни случаи, од кои 44 се на домашно лекување, а 19 се хоспитализирани во Инфективното одделение на приелпската болница. Во домашна изолација и самоизолација, се 104 лица.

Инаку, од почетокот на пандемијата во градот заболеле вкупно 300, а 20 лица починале како последица од вирусот.

Од кризниот штаб констатираат дека Општината продолжува со дезинфекција на улиците и на јавните површини во градот и во населените места.

Прилепските градски власти апелираат до граѓаните да ги почитуваат препораките на Комисијата за заразни болести, на Министерството за здравство и на Владата за заштита од коронавирусот, да носат заштитни маски, да држат дистанца и да не се групираат.

Би можело да ве интересира

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он