Пријавувањето на конкурсот за наградата „Жан Моне“ до 11 април

Од:

Во тек е конкурсот за 18-тото издание на наградата „Жан Моне“ за најдобри достигнувања во известувањето за прашања поврзани со темата „Солидарноста на Европската Унија за време на пандемија – очекувања и можности” што го објавија Делегацијата на Европската Унија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.

Наградата „Жан Моне“ ќе биде доделена во три натпреварувачки категории:

  1. Најдобра новинарска сторија (за стории објавени во печатени медиуми, телевизија, радио и/или на интернет);
  2. Најдобра репортерска фотографија (за фотографии објавени во печатени медиуми и/или на интернет);
  3. Најдобра аматерска фотографија.

Од ССНМ потсетуваат дека копии од новинарските стории, односно фотографии за конкурсот треба да се испратат на следнава електронска адреса: [email protected], најдоцна до 11 април 2021 година, до 18 часот. Секој/а од пријавените ќе добие потврда за прием по електронска пошта од страна на Europe House Скопје.

За добитниците на наградите ќе решава жири комисија составена од пет члена.

Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 28 април 2021 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Нашата работа е за јавноста, не за пред колегите“: Новинарите на протест пред Граѓански суд

Орце Костов

НЕ за владини кампањи во медиумите и злоупотреба на ЕУ знамето во Собранието повикуваат новинарските здруженија

ССНМ и Томсон медија ги доделија наградите на ЕУ за истражувачко новинарство

Вработените во МИА и денеска на протест искажаа незадоволство поради непостапување по нивните барања

ССНМ и ЗНМ најостро го осудуваат попречувањето на работата на новинарската екипа на ТВ Телма

Новинарските и медиумските организации се против владини кампањи во медиумите

Катерина Ѓуровски