Македонскиот електропреносен систем оператор (МЕПСО), кој што е во целосна државна сопственост објави оглас за вработување на 9 лица. МЕПСО вработува инженери и советници, како и еден копирант во архива, за кого платата изнесува 25 илјади денари.
За работната позиција копирант во архива во служба за општи работи се бара лице со средна стручна подготовка и без претходно работно искуство, а нето платата изнесува 24.900 денари.
Без работно искуство во МЕПСО ќе може да се вработи и координатор на кабинетот на директор на Сектор за ИТТК, но со Висока стручна подготовка, за плата од 35.100 денари. Без искуство и со Висока стручна подготовка може да се вработи и еден самостоен инженер за анализа на мрежа во служба за оперативно планирање, кои ќе работи за плата од 38.500 денари
Огласот е потпишан од генералниот директор Сашо Василевски и трае пет дена.
Ваквите огласи најчесто се однапред договорени и дизајнирани според соодветните квалификации на кандидати. Слична пракса имаше и ВМРО-ДПМНЕ, што СДСМ често ја критикуваше.