Пријателскиот фудбалски натпревар со Словенија ќе се игра со 30 отсто присуство на публика

Од:

Согласно Одлука на Владата, подготвителниот натпревар на нашата фудбалската репрезентација со Словенија, кој треба да се одржи на 1 јуни на Градскиот стадион во Скопје ќе се одигра во присуство на 30 проценти исполнетост со публика од капацитетот на трибините.

– Во знак на поддршка на македонската фудбалска репрезентација, која за прв пат се пласираше на Европското првенство и која на 1 јуни ќе одржи подготвителен пријателски натпревар, членовите на Владата, на седницата донесоа Одлука за исклучок од постоечката забрана за одржување на спортски натпревари, односно подготвителниот натпревар кој треба да се одржи на 1 јуни на Градскиот стадион во Скопје да се одигра во присуство на 30 проценти исполнетост со публика од капацитетот на трибините. За дополнителни олеснувања за другите натпревари ќе се разговара на следната седница на Влада, се наведува во соопштението од Владата.

Би можело да ве интересира

Владата го утврди текстот на Предлогот на закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани

Од задутре кафеаните може да примаат гости и внатре, тоа не важи за дискотеките и клубовите

Жарко Настоски

Владата ќе им подели по 500 евра кризна помош на 745 естрадни уметници

Жарко Настоски

Владата тврди дека над 150.000 граѓани ќе бидат опфатени со законот за отпис на камати и трошоци

Жарко Настоски

Премирот Заев е за настава со физичко присуство од септември

Ана Ололовска

Претоварени автобуси се движеле кон Охрид непочитувајќи ги здравствените прописи против Ковид-19

Ана Ололовска