При копање темели откриени човечки коски стари половина век

Од:

Откопаните коски од ископот за изградбата на станбена зграда во Гостивар според експерт за обдукција се човечки од најмалку двајца луѓе, според негова проценка стари најмалку половина век.

Случајот во гостиварската полициска станица вчера го пријавил Љ.А. (43), сопственик на фирмата инвеститор на објект во градба на улицата „Илинденска“.

Околу 18 часот, додека градежна машина (багер) изведувала подготвителни работи, ископувала земја за темели на зграда, на длабочина од околу два метри, се појавиле коски. Кога видел, машинистот Х.И. (55) запрел со работа.

Според жителите во околните куќи, на местото каде што се откриени коските немало гробишта, ниту пак таков случај бил забележан во минатото.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он