Презентирани резултатите од проектот „Јакнење и интегрирање на Ромите преку вработување“

Од:

Центарот за ромска заедница „ДРОМ“, пред кумановската јавност, претставници од државни и локални институтции, денеска ги презентираше резултатите од проектот „Јакнење и интегрирање на Ромите преку вработување“.

Извештајот покажува колку Роми се вработени во државните и локалните институции на подрачјето на општина Куманово во 2016-та година и што треба да се преземе за да намали бројот на невработени Роми, посочија надлежните од проектот.

– Целта ни беше да добиеме јасна слика за вработеноста на Ромите, при што добивме резултат дека се вработени 186 Роми од кои 120 во ЈП „Чистота и Зеленило$, 20 се вработени во невладини организации и остантите по други претпријатија и инистутиции, изјави координаторот на проектот, Ресмија Асановска.

Појдовна точка на ова истражување, објаснија надлежните, е да се подготви документ кој ќе даде јасна слика за состојбата на вработени Роми во Општина Куманово во 2016 година. Извештајот од истражувањето треба да послужи за креирање на локални политики за вработување Ромите во институциите и во приватниот сектор.

– Ние отприлика ова и го очекуваваме, знаевме каква е состојбата со вработување на Роми, сега очекуваме нешто да се направи, иако се донесени повеќе локални акциони планови кои се усвоени и од општината кои се однесуваат на Ромите во суштина ништо од тоа не се имплементира и бројот на Ромите кои се вработени е прилично низок, рече Асановска.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза