Презентиран проектот за заштита на сливот на река Брегалница

Од:

Реализација на проектот за заштитата на сливот на реката Брегалница, најави државниот секретар во Министераството за животна средина и просторно планирање Соња Лепиткова.

На денешната прес-конференција во Кочани, Лепиткова го посочи значењето на овој проект за општината, бидејќи, како што рече, експерти ќе понудат нов начин на управување со сливот на Брегалница, а бенефитот ќе го осетат над 200 илјади жители од Источниот регион.

– Овој проект е од особена важност бидејќи е прв од ваков вид во Република Македонија, каде што се спроведува новиот Закон за води. Сите 11 општини од Источниот плански регион дадоа придонес во подготовката на мали проекти кои ќе добијат подршка од Швајцарската влада во вредност од 4,5 милиони франци. Владата на Република Македонија за оваа намена донираше возило, истакна Лепиткова.

Таа најави и изградба на пречистителна станица во близина на Кочани, проект финансикси помогнат од Швајцарската влада во вредност од 20 милиони франци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Голема поплава во Русија, илјадници евакуирани

Поплави во долината Неретва

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил

(ВИДЕО) Поплави во Австралија, во поплавена улица плива крокодил

(ВИДЕО) Црна Гора: Поплавени улици, куќи и мостови, вода влегла и во итната медицинска помош

Горан Наумовски