Презентиран мониторингот на Локалната стратегија за култура на Струмица

Од:

Само триесет проценти е исполнета Локалната стратегија за култура на општина Струмица, која се однесува за периодот од 2017 до 2022 година, соопшти денеска претседателката на Здружението за култура и развој на креативни индустрии „Транзен“, Јасмина Пијанманова.

Додаде дека за реализирање на локалната стратегија за култура потребно е, пред се, да се формира Одделение за култура во општина Струмица.

– Нашата општина е голема, а немаме такво одделение и покрај тоа што имаме солидни културни манифестации кои треба да ги менаџира токму тоа тело. Покрај тоа, бараме формирање Локален совет за култура. Тој треба да е составен од стручни лица од областа на културата и уметноста и треба да има советодавна улога, односно ќе дава совети на Советот и комисијата за култура и плус совети на градоначалникот, смета Пијанманова.

На денешната презентација на реализираниот проект на „Транзен“ беше истакното дека во Струмица има меѓу 100 и 150 лица кои работат во креативниот сектор, односно креативната индустрија. На овие креативци треба да им помогне општината и тоа преку најразлични форми на финансирање и логистичка поддршка.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски