Презентиран извештајот на ОБСЕ/ОДИХР за наљудувачката мисија за изборите

Од:

Делегација на ОБСЕ/ОДИХР, предводена од заменик шефот на одделот за избори, Ричард Лапин и советничката за избори во ОБСЕ/ОДИХР Тамара Отиашвили, денеска во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го претстави конечниот извештај на Набљудувачката мисија за локални избори, одржани на 15 и 29 октомври 2017 година.

Во Извештајот се наведува дека „АААВМУ ја докажа својата професионалност во тек на изборите, целосно остварувајќи го својот мандат“.

На средбата беа споделени искуствата од мониторингот на изборното претставување што го спроведе Агенцијата, а се разговараше и за предлозите на Агенцијата за измена на изборната регулатива.

Посебен акцент на средбата беше ставен на предлог-законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, при што Агенцијата повторно истакна дека предложените измени ја загрозуваат независноста на регулаторот и не придонесуваат за подобрување на состојбите во медиумската област.

Би можело да ве интересира

Обвинителство оформи предмет по допрен глас за заканите кон новинарот Александар Видиновски

АВМУ: Пресудата против новинарката Лиридона Вејсели е негативна порака за медиумските слободи

Инфлуенсерите, влогерите и јутјуберите мора да се регистрираат во АВМУ

А1он

Зоран Трајчевски директор на АВМУ и во наредните пет години

Горан Наумовски

Вишиот управен суд ја одби жалбата на Левица за изборното рекламирање

Левица: ОБСЕ нотира цензура кон Левица во предизборниот период

Предраг Петровиќ