Презентација на првиот периодичен мониторинг извештај за работата на АВМУ и АЕК

Од:

Презентација на првиот периодичен мониторинг извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), во рамки на проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите – PROformance Watch II“ ќе се одржи денеска во Скопје.

Во проектот учествуваат Евротинк – Центар за европски стратегии, НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права, а е поддржан од британската Амбасада.

Ќе бидат презентирани наодите од периодичниот мониторинг извештај за работата на АВМУ и АЕК, а ќе бидат претставени и најновите измени на Директивата на ЕУ за аудиовизуелните медиумски сервиси, како и улогата и предизвиците на агенциите во рамки на заложбите за заеднички дигитален пазар и дигиталната агенда на ЕУ.

Покрај претставниците на организациите кои го спроведуваат мониторингот, на настанот ќе
говорат и Емилија Јаневска, раководителка на Секторот за програмски работи во АВМУ, Ана
Малцева, советничка за правни работи во кабинетот на Министерот во МИОА, Игор Бојаџиев, советник на директорот за радиокомуникации и контрола и мониторинг на радиофреквенции во АЕК.

Би можело да ве интересира

Вишиот управен суд ја одби жалбата на Левица за изборното рекламирање

До 12 јануари 2026 година продолжен рокот за конечна одлука за најповолен понудувач за трет мобилен оператор

Отворање на понудите за трет мобилен оператор, граѓаните со очекувања, пазарот со предизвици

А1он

АЕК објави тендер за доделување радиофрекфенции за мобилна телефонија преку јавно наддавање

Ракометното реванш финале Алкалоид – АЕК е откажано „од безбедносни причини“ – соопштија од ЕХФ!

А1он

Рафа Бенитез го презема грчкиот гигант АЕК Атина

А1он