Презентација на потпрограмата МЕДИА и работилница за сценарио на „Синедејс“

Од:

Во рамки на 15. Фестивал на европски филм „Синедејс“, денеска во Младинскиот културен центар ќе се одржи презентација на потпрограмата МЕДИА на „Креативна Европа“ и работилница за сценарио на Арне Колвајер. Организатори се Канцеларијата на „Креативна Европа“ за потпрограмата МЕДИА, Агенцијата за филм на РМ и тренинг-програмата Мидпоинт од Чешка.

Работилницата „Одбрани алатки за драматургија: Градење на внатрешниот живот на ликот“ која ќе ја одржи Колвајер  има цел да ги открие сложените внатрешни емоции на ликот, како една од најтешките задачи со кои се соочуваат филмските работници. 

Арне Колвајер (1981) ги завршил студиите по филмска режија на ФАМУ во Прага. Претходно студирал фотографија во Грац, литература во Франкфурт на Одра, и теорија на филм на Универзитетот во Гетеборг. Има снимено повеќе кратки филмови и режирано за германските телевизии. Член е на Германското здружение на сценаристи од 2010 година.

Живее и работи како независен сценарист, режисер, консултант за сценарија и професор на семинари во Берлин, каде што од 2011 година раководи со Станицата за сценарија (проектна лабораторија за сценаристи на програмата Таленти на Берлинале). Исто така е раководител за развој во продукциската куќа „42филм“ во Хале и е задолжен за меѓународни копродукции.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза