Презентација на новиот закон за превенција и заштита од семејно насилство

Од:

Судии и јавни обвинители од сите инстанци и од сите апелациски подрачја денеска учествуваа на тркалезната маса посветена на Новиот закон за превенција, спречување и заштита на семејното насилство, која се одржа во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.

Како што информираат од Академијата, тркалезната маса е резултат на успешната реализација на тренинг програмата за превенција од семејно насилство, која Академијата во текот на 2011 година ја спроведе во соработка со Меѓународната организација – Програма за развој на Обединетите нации, како и на заложбите на Академијата, преку одржаните советувања да придонесе за соодветна едукација на инволвираните страни во проблемот на семејното насилство.

Судиите и јавните обвинители по завршувањето на тркалзената маса се очекува стекнатите знаење успешно да ги пренесат на своите колеги.

Во поздравното обраќање постојан претставник од УН/УНДП Луиса Винтон изрази задоволство од посветеноста на Академијата за навремена подготвка на националните правни практичари за доследна примена на новите одредби согласно новиот Закон за превенција, спречување и заштита на семејното насилство.

Директорката на Академијата Анета Арнаудовска ја подвлече заложбата на оваа институција секогаш брзо и ефикасно да одговори на сите нови правни предизвици од различни области и теми и да обезбеди навремена, стручна и професионално обука во поглед на истите за сите судии, јавните обвинители, адвокати, како и сите други релевантни страни.

Арнаудовска истакна дека тркалезната маса се реализира веднаш по донесувањето на Новиот закон за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, а целта е да се дискутира и да се разјаснат дилемите околу новите законски одредби, доколку се појават, како и да се понудат квалитетни решенија за случаите со кои се соочуваат националните правни практичари во својата секојдневна работа.

Академијата до сега во сорботка со УНДП/ОН и УН Воман успешно реализираше два проекти посветени на темите кои се однесуваат на семејното насилство, во чии рамки беа обучени 290 судии и јавни обвинители, адвокати, претставници на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, а беа издадени и два прирачника.

Предавачи на тркалезната маса беа авторите кои ги изработија прирачниците во кои беше третирано семејното насилство од повеќе аспекти меѓу кои акцентот беше ставен на судската пракса.

Би можело да ве интересира

Го претепа кучето со метална шипка по глава само затоа што извршило нужда пред капијата

Предраг Петровиќ

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Насилник со стап по глава безмилосно тепаше куче во Скопје, полицијата го приведе

Предраг Петровиќ

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Охриѓанец ја истепал поранешната 30 – годишна девојка

Горан Наумовски

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата