Презентација на алатката „Локален избор“

Од:

Пред граѓаните на општина Аеродром денеска ќе биде промовирана онлајн алатката „Локален избор“ (www.lokalenizbor.mk), којашто им овозможува на гласачите да ги споредат своите позиции со позициите на кандидат(к)ите и партиите кои ќе учествуваат на престојните локални избори.

Граѓаните имаат можност да одговорат на серија од 20 селектирани искази по важни прашања групирани во осум тематски области и тоа урбанизам и комунални работи, заштита на животната средина, безбедност, транспарентност и учество на граѓаните, децентрализација, економски развој, социјална грижа и еднакви можности.

Во фокусот на алатката се општините Аеродром, Чаир, Струга, Струмица и Росоман. Исказите се одбрани врз основа на претпоставката дека прашањата на кои кандидатите и партиите најчесто се осврнуваат во јавниот дискурс се оние поважните за гласачите. Кодирани се вкупно 18 кандидати и советнички листи во петте општини.

Сите кандитати и советнички листи биле контактирани за самостојно да ги кодираат сопствените позиции и да приложат доказен материјал (цитати и линкови) за нивните тврдења. Осум кандидати и советнички листи се одзвале на барањето.

Паралелно со самокодирањето, вршено е независно кодирање на позициите на политичките партии, преку внимателни анализи на партиските програми, медиумските изјави и интервјуа, како и изборните програми од претходни изборни циклуси таму каде тоа беа применливо.

„Локален избор“ е изработен од тим на истражувач(к)и од Институтот за истражување – Импакт. Проектот е финансиран од Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Прво ќе се избере Народниот правобранител и претседател на ДКСК, па ќе се распишат локалните избори

Горан Наумовски

Гаши: Локалните избори ќе се распишат во првата половина од август

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје

Мицкоски: Резултатите на локалните избори ќе покажат чија политичка реторика е исправна

Гаши локалните избори ќе ги распише во првата половина од август

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС