Презентација „Леукемија болест што се лекува“: 84 проценти од децата со акутна лимфобластна леукемија може да бидат излекувани

Од:

Детскиот канцер во најголем број случаи може да биде излекуван. Годишно се дијагностицираат 35 до 40 деца со малигна болест. Над 90 отсто од децата имаат успешен третман во текот на лекувањето на акутната лимфобластна леукемија, најчеста малигна болест во детството, а 84 проценти може да бидат излекувани, истакна доктор Светлана Кочева од Одделението за детска хематоонкологија при Универзитетската Клиника за детски болести, која одржа стручната презентација на тема „Леукемија болест што се лекува“.

Осврнувајќи се на податоците за успешноста на излекувани деца од педијатриски леукемии во земјава, таа рече дека се горди на овие резултати.

– Можеме да се зборува за значаен исчекор во лекувањето на детскиот канцер. Не можеме да кажеме дека постои тренд на зголемување на малигни болести во детството. Резултатите од интернационалните светски организации во Европа и во државава покажуваат дека детскиот канцер во најголем број од случаите може да биде излекуван, посочи д-р Кочева на презентацијата што се одржа на Медицинскиот факултет.

Раководителот на Одделот за детска хематологија и онкологија, проф.д-р Ката Мартинова рече дека раното откривање на детскиот канцер значи значајно подобра прогноза. Прогнозата кај сите видови малигни болести во детската возраст, нагласи, е значајно подобрена, а тоа особено се однесува на акутната лимфобластна леукемија.

– Од пред 60, 70 години кога акутната лимфобластна леукемија претставуваше универзална фатална болест денеска таа е во висок процент излечлива болест. Тоа се должи на подобрена дијагностика, подобри услови на лекување, современа терапија. Акутната лимфобластна леукемија се лекува две години, нелимфобластната пократко…Затоа е многу важна прецизната дијагностика на секоја малигна болест, затоа што тоа значи соодветно лекување по одреден тип протокол, додаде проф.д-р Мартинова.

Директорката на Универзитетската Клиника за детски болести, Наташа Најдановска Алулоска истакна дека и е чест што на Клиниката работи мал, но високо квалитетен тим лекари специјалисти на Одделот за хематоонкологија.

– Во тек е реновирање на Одделот за хематоонкологија на Клиниката, со што и просторно ќе се дополнат капацитетите и условите за третман на овие пациенти. Правиме се за доброто на овие деца кои се најосетливата и најранливата категорија пациенти на Клиниката, рече д-р Најдановска Алулоска.

Одговарајќи на новинарско прашање посочи дека медицински сестри се обезбедени за непречено одвивање на работата на Одделот, а во тек е и дообучување на кадар кој ќе помогне во неговото работење.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство