Преземените обврски мора да се почитуваат порачува францускиот амбасадор

Од:

Франција ја поддржува евроинтеграцијата на Северна Македонија, и е подготвена да ја обезбеди сета своја помош за надминување на сегашните блокади. Преземените обврски мора да се почитуваат. Неопходно е да бидеме реални и да разбереме дека не може да постои апсолутна гаранција за исходот на процесот на интеграција, кој е по својата природа сложен, бидејќи бара согласност од сите држави членки, вели амбасадорот на Франција Кристоф Ле Риголер во интервју за МИА.

– Во рамки на својата Стратегија за Западен Балкан, за Франција, интеграцијата на регионот е приоритет. Затоа, Франција целосно го поддржува и ќе продолжи да го поддржува процесот што води до интеграција на Северна Македонија во Европската унија. Во тој контекст, таа е подготвена да ја обезбеди сета своја помош за надминување на сегашните блокади. Преземените обврски мора да се почитуваат. Сепак, ние не сме индиферентни за чувствителноста на темата, вели францускиот амбасадор Ле Роголер на прашањето постои ли можност за француско посредување и во однос на „француски предлог плус“, за уставни измени со одложено дејство до завршувањето на преговорите, за што се залага македонската Влада

Според него, треба да се биде реален дека не постои апсолутна гаранција за исходот на процесот на интеграција во ЕУ, поради неговата сложеност и носењето одлуки со консензус.

-Неопходно е да бидеме реални и да разбереме дека не може да постои апсолутна гаранција за исходот на процесот на интеграција, кој е по својата природа сложен, бидејќи бара согласност од сите држави членки. Сепак, Франција е подготвена да работи и да ја искористи својата моќ на убедување за да го осигура текот на процесот на интеграција, во корист на Европската унија и на целиот Југоисточен регион на Европа, подвлекува амбасадорот Ле Риголер.

Во очекување на новиот состав на ЕК и најавените реформи на ЕУ, тој со став и во однос на прашањето дали се разгледува промена на консензусот како принцип на одлучување на Унијата.

-Европската унија и Европскиот совет секогаш биле многу креативни кога станува збор за наоѓање решение за надминување на ситуациите на блокада. Сепак, не постои формален механизам „27 минус 1“, и затоа тоа не може да биде институционализирано решение за моменталната блокада. Одлуките за проширување на Европската унија се уредени со принципот на едногласност. Најдобрата гаранција за Северна Македонија е без сомнение да продолжи да работи посветено на своите реформи, со цел да ја зајакне својата кандидатура, чиј квалитет ќе биде препознаен од Европската комисија и државите членки, вели новиот француски амбасадор.

Би можело да ве интересира

Рокас повтори дека мора да се направат уставните измени за прогрес кон ЕУ

Катерина Ѓуровски

Продолжувањето на пристапниот процес за Северна Македонија зависи од уставните измени за кои земјата се обврза порача Писонеро

Гаши: За да почнат уставните измени треба договор и политичка волја

Катерина Ѓуровски

Уставни измени, правосудниот систем и реформите поврзани со ЕУ, главни препораки во Извештајот на Европската комисија

Мицкоски: Предлог уставни измени во Собранието, пред формирање влада во Бугарија, е наивно

Катерина Ѓуровски

Неодбивањето на Фон дер Лајен на нашиот предлот значи дека има простор за потенцијално решение за уставните измени толкува Муртезани