Превозниците од утре можат да возат полни автобуси и комбиња, маските и натаму задолжителни

Од:

Владата на денешната седница ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да се одобри превоз на патници со максимален капацитет на сите превозни средства, со максимално почитување на мерките и протоколите за заштита од КОВИД-19.

Како што соопшти владината прес-служба, превозниците се обврзани одговорно да ги спроведуваат и контролираат мерките за лична заштита заради превенција предвидени со протоколот за организирање превоз на патници.

-Донесена е и одлука да се дозволи влез на придружниците на патниците на меѓународните летови во двете аеродромски згради на ТАВ согласно одредбите за лична заштита опфатени со протоколите за управување со меѓународните аеродроми во нашата земја, информира Владата.

Би можело да ве интересира

Понеделник со изменет режим: автобуси по неделен ред, Жичарницата ќе е затворена

Костадинов: Наводите за криминал со електричните автобуси се целосно неосновани

Автобусите на ЈСП денеска возат по неделен возен ред

Горан Наумовски

Тешко повреден маж од Скопје, паднал во автобус на ЈСП

ЈСП-Скопје тврди: Жичницата на Водно е безбедна, во моментот се врши сервис

Ќе се набават на 120 еколошки автобус, 80 ќе се за ЈСП „Скопје“