Специјалното јавно обвинителство има нови докази во случајот со превоз на ученици, „Транспортер“, во кој првоосомничен е градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески, објави „Мета“.
Според информациите до кои дојде „Мета“, СЈО има испратено триесетина нови барања за увид во документацијата во училиштата во Битола, Министерството за финансии, осомничените превозници…
Најголемите манипулации, според СЈО, се правени со тендерите во 2009 и во 2011 година. Според Законот за превоз, пак, забрането е да се меша општински превоз со превоз на ученици.
Според информациите на агенцијата, речиси сите фирми кои се обвинети за малверзации со училишниот превоз во Битола, во случајот „Транспортер“, кој го отвори Специјалното јавно обвинителство во април годинава, повторно добиле тендер за превоз на ученици во општината.