Превентивни активности на кочанските пожарникари

Од:

Со цел да се намалат пожарите посебно на отворен простор пред пролетната сеидба на оризовата култура во кочанската котлина, Територијалната противпожарна единица од Кочани со нови активности на терен. Од денеска ќе бидат посетени сите населени места од полскиот дел на општината каде што во изминатите недели е забележано енормно зголемување на пожарите на отворен простор низ полињата.

– Со новиот начин на комуникација со месните заедници и земјоделците од полските села во кочанската котлина сакаме да делуваме превентивно во намалувањето на пожарите низ полето. Зачестена е појавата на палење на стрништата во оризовите ниви ,со што се прават големи штети, не само за загадување на околината, туку и уништување на и така малиот број птици. За таа цел преку едукативни предавања ке настојуваме да ја зголемиме свеста кај земјоделците да не ги палат стрништата во нивите, изјави Дејанчо Арсов, командир на кочанската Територијална противпожарна единица.

Првата сеидба се одржа со жителите на село Чифлик, лоцирано сред оризовите полиња, и чии жители се најзагрозени од палењето на стрништата. Вакви сердби во наредните денови ќе се одржат и со жителите на селата Чешиново, Облешево, Подлог, Зрновци и Прибачево.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот