• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Превенција за безбедност и здравје при работа

by А1он18/10/2016 - 14:03169
Share0

Во Македонија во 2015 година се случиле 144 несреќи при работа од кои 39 со фатален исход, покажуваат податоците од студијата за функционирање на бипартитниот дијалог за безбедност и здравје при работа во компаниите и улогата и профилот на претставниците на вработените за  безбедност и здравје при работа во Македонија.

Добивај вести на вибер

Студијата ја спроведе Македонско здружение за заштита при работа (МЗЗПР) во рамките на проектот „Зајакнување на партнерствата на граѓанското општество и државните институции во унапредување на правото за безбедна и здрава работна средина – основно човеково право“.

Милан Петковски од МЗЗПР смета дека не се преземаат конкретни активности кои би требало навреме да направат соодветен оперативен зафат.

– За некој да биде посигурен и побезбеден на работното место треба подолг временски период да помине бидејќи со законските решенија не се постигнуваат моментални решенија, рече Петковски.

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Живко Митревски истакна дека студијата покажува оти во 90 проценти од примероците од 160 претпријатија во Македонија превентивната функција ги дава своите резултати.

– Студијата покажа дека како Синдикат директно сме инволвирани и во процесот на обезбедувањето на редовните обуки за безбедност и здравје при работа и во делот на контролата при исклучителни активности кои ги имаат во делот на промена на технологијата, рече Митревски.

Од МЗЗПР информираат дека целта на студијата е унапредување и промовирање на бипартитниот безбедност и здравје при работа (БЗР) дијалог во компаниите, како и зајакнување на улогата на претставниците на вработените за БЗР и создавање здрави работни места.

– Од ова истражување дојдовме до заклучок дека и работниците и работодавачите се соочуваат со проблеми и потешкотии во својата работна средина, истакнуваат од Здружението.

Препорачуваат обуки и едукација на вработените, претставниците на вработените за безбедност и здравје при работа и синдикалните претставници за основни стандарди за безбедност и здравје при работа, континуирана обука на работодавачите за целосна примена на Законот за безбедност и здравје при работа во рамки на јавниот и приватниот сектор.

rabota

Би можело да ве интересира

Неготинец остана без 77.500 денари, бил жртва на вешт измамник

Горан Наумовски11/04/2025 - 12:48

Мемети: Зголемен бројот на поплаки за вознемирување на работното место

Татјана Ташкова10/11/2019 - 12:46

Лани 33 работници загинале на работното место, најголем дел во земјоделството и во градежништвото

Татјана Ташкова28/04/2019 - 14:0529/04/2019 - 01:20

Светски ден на безбедноста и здравјето при работа

Татјана Ташкова28/04/2019 - 09:1029/04/2019 - 01:25

Потпишана новата четиригодишна Национална програма за достоинствена работа

Ана Ололовска06/03/2019 - 13:05

Дебата: „Можности и предизвици за овозможување на политики за здрави работни места‘‘

Ана Ололовска17/12/2018 - 08:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен