Претставник на ДИК уценуван од лица од дневен весник

Од:

Претставник на Државната изборна комисија  ноќеска, 45 минути по полноќ, во СВР Битола пријавил кривично дело „уцена“. Како што соопшти МВР во дневниот Билтен, вчера во 16.33 часот додека со уште две лица патувал кон Битола заради надзор за печатење избирачки материјал, на неговиот службен мобилен телефон му се јавило лице кое му се претставило дека е од дневен весник.

– Лицето го прашало зошто ја одбил понудата за печатење на кандидатските листи за пратеници за претстојните парламентарни избори во весникот. На тоа пријавителот одговорил дека имал подобра понуда од друг дневен весник. При разговорот пријавителот забележал дека разговара на интерфон, при што во разговорот се вклучило друго лице, кое се претставило како главен и одговорен уредник на дневниот весник. Тој му рекол дека не смеел да биде против објавувањето на кандидатските листи, а воедно му се заканил со компромитирање на личноста, со објавување лаги и невистини во весникот, доколку не се објават листите во нивниот весник, наведува МВР.

Лицето му упатувало и разни погрдни и навредливи зборови и доколку не му биле вратени 20.000 евра ќе бил даден на суд. Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Би можело да ве интересира

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски