Претставниците на општина Струмица и НВО секторот на заедничка средба за имплементација на проектите

Од:

Општина Струмица ја продoлжува транспарентната и отчетна политика кон невладиниот сектор. Во рамките на таа политика беше и денешната средба која што претставниците на одделението за локален економски развој ја одржаа со претставниците на здруженијата на граѓаните кои добија финансиска поддршка по јавниот повик што го објави општина Струмица. На средбата, раководителот на одделението за ЛЕР, Тони Милушев, ги информираше претставниците на НВО секторот за начинот и постапката за имплементација на нивните проектни активности.

-Принципот за работа е ист за сите здруженија кои своите проектни иницијативи ќе треба да ги реализираат до крајот на оваа година. Очекуваме здруженијата да ги почитуваат принципите, а општина Струмица ќе ги исполнува своите обврски, така како што е договорено. Целта на финансиската поддршка е да ги мотивираме невладините организации да работат во интерес на заедницата и да бидат партнер на општината во креирањето на нејзините развојни политики. Затоа, апелирам дo вас, заедно, оваа активност да ја спроведеме транспарентно и отчетно, бидејќи тоа е и во наш и во ваш интерес, им порача Милушев на присутните на денешната средба.

Од буџетот за 2014 година, општина Струмица поддржува проектни активности на 21 здружение на граѓани и тоа 16 од програмата G1 – проекти од областа на ЛЕР, култура, образование, здравствена заштита, заштита и унапредување на животна средина, млади и младински политики, во износ од 1.708.678,00 денари и 5 од програмата V2 од областа на социјалната заштита, за кои финансиската поддршка изнесува 598.486,00 денари.

Би можело да ве интересира

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица