Претставници од градинка од Струмица на обука во Ќустендил

Од:

Претставници на детската градинка „Детска радост“ од Струмица присуствуваа на тридневна обука што се одржа во Ќустендил, Република Бугарија, каде што со нивните тамошни колеги од градинката „Први јуни“, работеа на начините за формирање еколошка свест кај децата од предучилишна возраст.

– Темата на работилницата беше „Формирање на еколошка свест кај децата од предучилишна возраст преку дидактички игри“, а целта беше воспитно-образовниот персонал од детските градинки во Струмица и Ќустендил да се стекне со потребните компетенции, практики и искуства за интегрирање на еколошката едукација во воспитно-образовната работа со децата во самите градинки, информираат од Одделението за меѓународен развој при Општина Струмица.

Според нив, освен теоретски сознанија, присутните се запознале и со конкретни примери – преку дидактички игри, кои ќе треба да им послужат во нивната секојдневна работа, со што, треба да придонесат градинките од Струмица и Ќустендил да се развиваат во места на eколошко живеење и однесување.

Работилницата е дел од проектот „Еко-градинки за одржлива иднина“, финансиран од ЕУ преку Интеррег-ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија 2014-2020.

На работилницата присуствуваа вкупно 30 учесници, по 15 претставници од детските градинки во Струмица и Ќустендил.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски