Претставници на општина Струмица на работилница на Светска банка на NEXPO 2013

Од:

На меѓународниот саем на локални самоуправи од Југоисточна Европа – NEXPO 2013 кој од 25 до 27 септември се одржа во Риека, Република Хрватска, учествуваа и претставници од општина Струмица, Евгенија Граматикова и Софија Ристова како дел од делегацијата на Институтот при Светска банка. Овој Институт одржа две работилници, а претставниците на општина Струмица учествуваа на работилницата на тема Алатки за самопроцена – Урбана ревизија.

Пред присутните, во една од конференциските сали на Замет центарот во Риека, искуствата од урбаната ревизија на општина Струмица, ги презентираше Софија Ристова.
Програмата Дијалог меѓу градови во Југоисточна Европа, Институтот на Светска банка – Австрија ја почна во декември 2011 година, а општина Струмица на предлог од Светска банка и со писмо за согласност за соработка од градоначалникот Зоран Заев се вклучи уште од самиот почеток.

Целта на оваа програма е да се олесни дијалогот помеѓу градовите во Југоисточна Европа преку учење едни од други од добри практики и надминување на слабостите во работењето на локалните власти. Програмата вклучува серија на тематски работилници и акции на кои учествуваат претставници од 40 општини од 7 земји во Југоисточна Европа, Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Албанија.

Претставници на општина Струмица досега учествуваа на пет вакви работилници за подобрување на општинските финансии, модернизирање на локално управување со јавни расходи, водење на урбан развој, транспарентност и отчетност и поврзаност на подготовка на буџет и капитално програмирање. Од овие работилници, општината ползува две алатки кои го олеснуваат работењето, самооценување на општинските финансии и урбана ревизија.

Веќе трета година, а урбаната ревизија како пилот проект, ја спроведува за прв пат оваа година заедно со општина Гази Баба. Тие први ја изработија урбаната ревизија за својата општина и токму поради тоа овие две општини беа поканети на меѓународниот саем NEXPO 2013 да ги презентираат своите искуства како добри практики, а кои може да ги преземат и другите општини во регионот за да си помогнат при изборот на приоритетни капитални проекти во своите програми.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Паниката на СДС во Струмица расте, тепачи и насилници на нивните листи се последниот обид за спас

Манасиевски: СДС во Струмица губи, силеџии на листи кои тепаат луѓе по улица стана брендингот на СДС за овие избори

Николоски: Огромна победа во Струмица! Енергија за голема промена

Филипче: Имаме одличен кандидат во Струмица, Марјан Даскаловски е со визија

Филипче: СДСМ во Струмица има одличен кандидат за градоначалник

По седум години кочење, започнува доизградбата на стариот театар во Струмица, изјави Мицкоски

Горан Наумовски