Претставници на АВМУ се сретнаа со амбасадорите Бејли и Орав, тема изборите

Од:

Претставници на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги вечера имале средба со амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав.

– Средбата е во рамките на мисијата на ЕУ и САД, во периодот пред распуштањето на Собранието на Република Македонија и не подоцна од 20 февруари, во консултации со меѓународни и локални експерти, да оценат дали се исполнети условите да се одржат кредибилни избори на 24 април, се вели во денешното соопштение од АВМУ.

При оценувањето, како што посочиле амбасадорите Бејли и Орав, ќе се имаат предвид неколку мерки за кои, како што посочиле, има мерливи критериуми: пречистен избирачки список, работењето на Државната изборна комисија, слободата на медиумите и слободното учество на гласачите на изборите – без заплашување.

– Во однос на медиумите беше потенциран фактот дека при оценувањето на избалансираноста во медиумското известување особено е важен тонот на известувањето како и дека оценката за избалансираност е предмет на подолготрајна и посложена анализа, се истакнува во соопштението од Агенцијата. 

Директорот на Агенцијата Зоран Трајчевски истакнал дека според податоците од мониторингот што го прави Агенцијата, најголемиот дел од медиумите никогаш не известувале избалансирано во изборниот период, поради што на сите радиодифузери кои го прекршиле законот им се изрекувани мерки.

– Оттука и заклучокот дека генерално, проблемот не е во законските решенија туку во начинот на кој радиодифузерите го практикуваат новинарството. Со оглед на тоа што треба да се работи во насока на зголемување на свеста на радиодифузерите за почитување на изборната регулатива, Агенцијата, како и при сите други изборни процеси, во претстојниот период планира да одржи обуки за новинарите и уредниците во медиумите, се истакнува во денешното соопштение од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Русите го фалат Орбан – ЕУ подготвува „Шарена револуција“, сакаат да го соборат

„Политико“: Операцијата на САД против Иран го одвлече вниманието на ЕУ од Украина

Русија: Целта на ограничувањето на руската мисија во ЕУ е да се попречат дипломатските напори

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Вајц: Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски