Претставничкиот дом на Холандија: С. Македонија постигна дополнителен напредок кон започнување на преговорите со ЕУ

Од:

По извештајот на Европската комисија во кој беа позитивно оценети реформите во правосудството, добивме позитивен извештај и од Делегацијата на Постојаниот комитет за европски прашања на Претставничкиот дом на Кралството Холандија која ја посети Северна Македонија во февруари годинава, соопшти Министерството за правда.

Од последната посета во мај 2019 година, известувачот констатирал дека Северна Македонија постигна дополнителен напредок кон започнување на преговорите за пристап во ЕУ.

-Во извештајот е нотирано дека Северна Македонија има постигнато голем напредок во прилагодувањето на домашната политика и законодавството во согласност со правото на ЕУ. Извештајот потенцира дека, околу 34 отсто од европските правила од регулативите и директивите во областа на правдата и внатрешните работи се веќе имплементирани во домашното законодавство. Исто така, во извештајот се констатира дека во Република Северна Македонија е забележана суштинска мотивација и убедлива посветеност на реформите од страна на власта, информираат од Министерството за правда.

Според известувачот, усвојувањето на Законот за Јавното обвинителство е импресивен резултат, кој овозможил продолжување на истрагите, но и дека законот не содржи скриена амнестија која ќе им овозможи на одредени (поранешни) политичари да избегнат истрага.

Овој позитивен извештај, како што е наведено од Министерството за правда, се очекува да биде основа на дискусијата во Холандскиот парламент за проширувањето на ЕУ на Балканот.

Извештајот е објавен на веб-страницата на Претставничкиот дом на Холандија.

Би можело да ве интересира

Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес, Рама тврди: Има само едно вето

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини