Претставка до Судски совет за повреда на правото на колегата Кристијан Ландов да известува од судско рочиште

Од:

Новинарот Кристијан Ландов минатата недела бил спречен да ја врши својата новинарска должност додека бил во Граѓанскиот суд во Скопје, каде што бил присутен како јавност на закажаната главна расправа, велат од ЗНМ.

Во нивната реакција се вели:

„По започнувањето на расправата новинарска екипа на „Макфакс“ и „А1он“ била вербално нападната од судијката Наташа Тодорова, со закана која може да се протолкува исклучиво како обид за цензура и попречување при вршење на новинарската професија. Откако започнала судската расправа, судијката го легитимирал колегата Ландов како новинар, му ја побарал новинарската легитимација и откако било утврдено дека е уредно издадена од работодавачот, седнал во делот определен за јавност. Кога судијката завршила со евидентирање на останатите присутни, без било какво објаснување со висок тон му ги упатила зборовите: „Што правите вие? Соберете тоа лаптопот, одма! Да не ви го одземам и да го носам кај претседателот на судот. Собирајте тоа, не може“.

Ландов појаснил дека лаптопот не снима и нема таква можност, туку го употребува само за пишување забелешки од судењето со вел да се избегнат интерпретации кои нема да одговараат со тоа што навистина се случувало. Судијката, без објаснување повторно се обратила со висок тон со зборовите: „Нема што вие да фаќате забелешки, судот води записник, не вие. Собирајте се!“.

На овој начин колегата Ландов бил спречен да ја изврши својата новинарска работа. Здружението на новинарите на Македонија го осудува крајно непрофесионалното однесување на судијката Наташа Тодорова во Граѓанскиот суд во Скопје кон колегата Ландов. Сметаме дека оваа постапка е несоодветна и претставува обид за цензура.

Очекуваме од Судскиот совет до кој од новинарот Ландов, помогнат од ЗНМ, беше доставена претставка во име на колегата Ландов, да преземе мерки кон неодговорната судијка со цел да не дозволи ваква непримерна комуникација во иднина но и да ги заштити правата на новинарите“, велат од ЗНМ.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Новинарот Фуркан Салиу да биде пуштен на слобода, а МВР да ја информира јавноста за причините за неговото приведување

ЗНМ: Oсуда за нападот кон колегата Фуркан Салиу од страна на извршителката Весна Јакимовска

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

ЗНМ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје: Соработка за унапредување на новинарството

ЗНМ И УНДП ги доделија наградите за новинарски стории за 2023 поврзани со загадувањето на воздухот во земјава

Одговор од Собранието на реакцијата на ЗНМ во врска со вчерашната седница за избор на техничка влада