Над 600 ученици од 30 училишта низ Македонија, добитници на грантови од фондот „Градиме мостови“, денеска ќе учествуваат на промотивниот настан организиран со поддршка на ОБСЕ.
Настанот предвидува театарски претстави, спортски активности и танчерски настапи.
Настап ќе имаат музичарите и членовите на фондот „Градиме мостови“, Ребека и Тони Зен, со бендот Флека, како и натпреварувачка на „Икс-Фактор-Албанија“ Канита Сума.
Воведни говори ќе одржат шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорката Нина Суомалаинен и холандскиот амбасадор Воутер Пломп.