Во Кочани денеска беше претставена втората фаза од проектот за регулација на Кочанска река што го реализираат Општината и Источниот плански регион со финансиска поддршка на Бирото за регионален развој.
– Со втората фаза се опфатени 1.470 метри, од т.н. Машински мост до обиколницата на магистралниот пат Штип – Кочани. Идејното решение за урбанизацијата на овој дел од Кочанска река го работи компанијата „Геинг“ од Скопје, истакна Александар Гицов, главен градски архитект на Кочани.
Според Гицов, во првата фаза е урбанизирано коритото на реката во должина од 3.900 метри, од Бавчалукот до т.н. Машински мост, а во третата фаза ќе биде урбанизирано реченото корито од месноста Пандова воденица до Бавчалукот, во должина од 750 метри.