Претседателството на ДУИ расправаше за случувањата во Куманово

Од:

Централното претседателство на Демократската унија за интеграција денеска одража  седницата во партиското седиште во тетовска Мала Речица на која главни точки за дискусија биле случувањата во Куманово и безбедносната ситуација во земјата.

Сите органи на ДУИ одблизу ги следеле сите случувања во Куманово на 9 и 10 мај 2015 и биле во постојан и директен контакт со населението на Куманово и Липково со ограноците и локалните совети на ДУИ во овие две општини, со локалната, законодавната и извршната власт како и со соодветните институции. ДУИ смета дека настаните во Куманово и Гошинце, но незаборавајќи и на другите безбедносни инциденти во последниве месеци, не се во согласност со стратешките определби и не се од интерес и определба на албанската нација во земјата и регионот се вели во соопштението од оваа партија.

Од ДУИ изразија сочувство до семејствата на загинатите во оруженот судир во Куманово, а на повредените им посакаа побрзо закрепнување.

Понатаму во соопштението стои дека ДУИ гарантира дека државните институции ќе им помогнат на жителите во населбата за материјалните штети, како и дека партијата  ќе се ангажира за транспарентен, истражен и судски процес за инволвираните во судирите во Куманово.

– Посветени сме во соработка со САД, ЕУ и НАТО да се постигне целосна рамноправност меѓу Албанците и Македонците, да продолжи целосната имплементација на Охридскиот договор, одржување на добри меѓуетнички и соседски односи, да ги надминеме споровите кои го држат во заложништво  евроатланскиот интегративен процес, како и час поскоро да се приклучиме во Северноатлантската алијанса и да ги започнеме разговорите за членство во Европската унија, се вели во соопштението од ДУИ.

Од оваа партија упатија и благодарност до Амбасадата на САД, канцелариите на ОБСЕ, ЕУ и НАТО во Македонија, како и на земјите членки на Европската унија и на комесарот Хан за интензивната комуникација и неговиот придонес за надминување на безбедносната криза во Куманово.

Од ДУИ ги повикаа сите граѓани во државата да не подлегнуваат на разни дезинформации кои не помагаат во смирување на ситуацијата и точното инфомирање на јавноста.  Јавноста треба да биде добро и точно инфомирана со потврдени информации за секоја ситуација и сите случувања во врска со безбедносната ситуација се вели во денешното соопштение од ДУИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он