Претседателот Пендаровски со поддршка за барањето за воведување уставна жалба

Од:

Претседателот на државата Стево Пендаровски изразил безрезервна поддршка за Уставниот суд во барањето за воведување на уставна жалба од која придобивки ќе имаат сите граѓани на Република Северна Македонија.

– Иако досега постоеја повеќе иницијативи за измена на Уставот во оваа насока, за жал, цела серија парламентарни состави не собраа сила тоа да го направат, а дискусиите за измени на највисокиот правен акт, со цел, воведување на уставната тужба завршуваа во партиско-политички пазарења и надмудрувања за сосема други прашања кои немаат никаква врска со темата. Се надевам дека во блиска иднина и политичката, освен стручната јавност, ќе ја разбере важноста на воведувањето на уставната тужба како важен сегмент во реформите и чекор кон зајакнување на системот за заштита на човековите права и слободи, истакнал Пендаровски, соопштија од Уставниот суд.

Тој посочил дека во услови на непостоење на категоријата на уставна тужба, Уставниот суд има можност, уште повеќе, да ја афирмира својата улога на заштитник на човековите права и слободи и во постојните рамки.

– Тука пред сè мислам на вашата надлежност за постапување по барањата за заштита на слободите и правата, а особено во заштитата од дискриминација, потенцирал претседателот на државата.

Би можело да ве интересира

Уставен ќе ја оценува постапката за стажот на членовите на Советот на јавни обвинители

Уставниот суд одлучи да поведе постапка за измените на Кривичниот законик

Стопанската комора на Северна Македонија: Добра е одлуката на Уставниот суд за поништување на Законот за данок на солидарност

Уставен го поништи Законот за солидарен данок, државата ќе треба да им врати над 49 милиони евра на 156 компании

А1он

Костадиновски: Подготвителната седница за Законот за јазици ќе биде одржана од 19 до 21 март

Горан Наумовски

Костадиновски – Рокас: Неопходно е да се обезбеди и почитува независноста и самостојноста на Уставниот суд