Претседателот Пендаровски ја посети организацијата „Полио Плус”

Од:

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети граѓанската организација „Полио Плус“ и оствари средба со нејзини претставници.

На средбата, како што информираат од Кабинетот на претседателот, соговорниците ја отвориле темата за имплементација на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со хендикеп. Kако што истакнале, тие ја промовираат ефективната и целосна имплементација на Конвенцијата преку активно и координирано вклучување на заедницата со хендикеп на национално и регионално ниво, но, реакцијата на институциите, според „Полио плус” е на незадоволително ниво.

Претседателот Пендаровски искажал очекување дека девет години по ратификацијата на Конвенцијата крајно време е да се имплементираат нејзините одредби, особено кога станува збор за членовите 5 и 9, односно правата на пристапност и на еднаквост и недискриминација.

Претставниците на „Полио плус“ го информирале претседателот за начинот на распределба на финансиската поддршка од државата кон здруженијата на лица со хендикеп, која, како што оцениле, е неправедна. Образложувајќи дека според сегашната владина програма, средствата што се прибираат како процент од продажбата на игрите на среќа, се распределуваат само на седум сојузи на здруженија, oд „Полио плус“ очекуваат проширување на таа програма, за да бидат опфатени и организациите на лица со хендикеп и при распределбата на средствата да се следат препораките на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со хендикеп, за што претседателот Пендаровски искажал целосна поддршка.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: На сите странци им ветуваат дека ќе направат измени на Уставот, а граѓаните ги лажат без усул!

Предраг Петровиќ

Ковачки: Пендаровски е се понервозен од малиот рејтинг и премалата посетеност на неговите митинзи, да се обединиме, силата е во народот а не во корумпираната елита на СДСМ и ДУИ

Ковачки: Граѓаните да не очекуваат извинување од Пендаровски за навредите кон Силјановска Давкова, бидејќи човекот свесно премолчи сексуално вознемирување во Армијата

Пендаровски: Ако го интересира Мицкоски кој од неговите најблиски соработници биле кај мене, ќе му кажам

Предраг Петровиќ

Пендаровски од Ѓорче Петров: Христијан Мицкоски се смета себеси за наследник на Ванчо Михајлов

Предраг Петровиќ

Пендаровски: Ако ги делиме граѓаните поради етничката припадност, државата ќе се враќа назад и ќе нема просперитет за никого

Предраг Петровиќ