Претседателот на Здружението на судии на средба со штипските судии

Од:

Претседателот на Здружението на судии, Џемаил Саити денеска во штипскиот Основен суд – Штип имаше прва директна средба со судиите кои се членови на здружението. Саити вели дека разговарале пред се за статусни прашања.

– Евалуацијата на работата на судите, нормата, прашањата околу изборот, разрешувањата на судиите, нели свесните сте дека сте сведоци на некои разбранувања во последниот период кои се случија. Здружението имаше соодветни реакции на тие настани, но сепак тие реакции треба да се континуирани и треба да бидат во насока да се изнајдат решенија, вели Саити.

Смета дека Владата дала јасна визија во однос на Стратегијата за идните приоритети во судството, а во која учествувале и судии кои се членови на Здружението.

-Но, процесот на имплементација на тие решенија, подзаконските проекции, малку е застанат, по наше видување. Имаме активности во Владина процедура и во Собраниска некои, но лична проценка е дека некои активности треба да се подинамични и да имаат поширок опфат, вели Саити.

Тој најави дека веќе на 6 и 7 март во Скопје ќе имаат и Изолациска сесија, на која што се повикани околу 40 судии, кои ќе направат пресек, кои биле нивните очекувања од реформите, што е имплементирано и кои се нивните идни чекори.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он