Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски во општина Пехчево

Од:

Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се сретна со граѓани во Пехчево каде говореше за актуелната политичка и економска состојба како и за штетноста на договорот со Грција.

Мицкоски на граѓаните на Пехчево им ги посочи последиците од капитулантскиот и штетен договор кој владата на СДСМ го потпиша со соседна Грција. Мицкоски пред граѓаните на Пехчево потенцираше дека со договорот се губат три крупни работи што значат укинување на македонската нација, на македонската држава под името која сега ја знаеме и создавање на некој нов хибрид.

Мицкоски истакна дека договорот значи загуба на институционалниот идентитет што впрочем претставува дел од националниот идентитет на Македонците.

– Најпрвин го губиме институционалниот идентитет, тоа значи дека нашата Академија на Науките и Уметностите повеќе нема да биде Македонска, потоа нема да имаме Македонска Армија, а нема да имаме ни Македонска Полиција., ниту Македонска Опера и балет и сето тоа ќе биде поврзано со новата државата а тоа ќе биде Северна Македонија. Го губиме институционалниот идентитет кој што всушност претставува дел од нашиот национален идентитет, вели Мицкоски.

Членот 8 пак вели тој, ќе биде погубен за интеграцијата на Македонија во ЕУ, а Македонија ќе ја снајде судбината на интеграцијата во ЕУ на Турција, односно приказна која никогаш нема да заврши.

-Во Членот 8 од договорот стои дека Македонија и Грција ќе формираат мешовита комисија и замислете таа комисија ќе преговара за нашата историја, археологија и образование. Секогаш кога ние во рамките на таа комисија ќе одлучиме да ги браниме националните интереси и достоинството тогаш тие од грчката страна ќе речат НЕ во рамки на ЕУ така што ќе застана преговорите и ние ќе бидеме блокирани тоа значи дека никој не ни ја гранатира иднината која што ни ја прикажуваат преку овие скапо платени реклами во медиумите. Немаме гаранција и покрај тоа што ќе дозволиме национално и државно понижување.

Мицкоски забележа дека со капитулантскиот договор не се отвораат магично вратите за влез на Македонија во ЕУ, тоа според него се само шарени лаги со кои се манипулираат граѓаните со цел да се избегне дебатата за капитулантскиот договор. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека за влез на Македонија во ЕУ треба да се работи и не може да се влезе преку капитулација, односно на начинот на кој што Заев сака тоа да го направи.

-Сите овие шарени лаги кои што ни ги прикажуваат по медиумите дека со овој договор малтене влегуваме во Европа не е точно, за да влеземе во Европа треба да имаме знаење, за да влеземе во Европа треба да имаме проекти и многу работа. Во ЕУ не се влегува со криминални тендери, во ЕУ не се влегува со багерите и камионите на бате. Во ЕУ не се влага со криминални иновации, во ЕУ не се влегува со расипано здравство. Во Европа треба да знаете како да влезете, односно во Европа треба да работите за да влезете, а не на начинот на кој што Зоран Заев тоа сака да го направи.

За крај претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги повика симпатизерите и членовите на партијата да бидат подготвени за исклучително жестоки притисоци, уцени и закани, бидејќи ова е битка за Македонија.

-Секој кога се мотивирал да придружи на ВМРО-ДПМНЕ, секој бил подготвен да кога ќе дојде денот да се бранат националните интереси да застане на патот на одбраната на тие национални интереси, да даде се од себе колку е во негова моќ да ги одбрани за да можеме да си го задржиме ова парче земја која што некој ни ја оставил, за која што предците наши ги положиле своите животи во минатото. Затоа треба секој од нас да биде подготвен дека периодот кој што следува за ВМРО-ДПМНЕ и секој оној кој што себе си се идентификува како дел од ВМРО-ДПМНЕ, да биде подготвен на исклучително жесток притисок, уцени закани кои што претстојат, затоа што ова е битката за Македонија, ние сме на вистинската страна.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот