Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Кржалоски, поднесе оставка

Од:

Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Лука Кржалоски даде неотповиклива оставка од функцијата, а оставката ја обрзаложи на неговиот фејсбук.

Кржаловски посочува дека оставката ја дава затоа што не сака да биде дел од дворските игри кои го одвлекувале вниманието на партијата од вистинските проблеми.

– Покрај тоа што моменталното раководство имаше скоро цела една година да излезе со една сеопфатна стратегија за одговарање на горливите прашања, тоа не само што не се случи, туку и ништо не навестува дека ќе дојде до промена на курсот. Додатно, гледаме дека има континуирано влошување на односите со клучните меѓународни фактори, кои што сакале ние да признаеме или не, имаат огромно влијание врз политичкиот живот во нашата држава и во поширокиот балкански регион. Ова е очигледно од се појасното дистанцирање на нашата партија од најмоќното политичко семејство на континентот – Европската Народна Партија-каде што лежат нашите вредности и интереси, уште од самото основање на ВМРО-ДПМНЕ. Друг пример е фактот дека клучни носители на одлуки од американската администрација целосно одбиваат да дискутираат со моменталното раководство т.е. воопшто не ја сметаат нашата партија за релевантен фактор“, стои во образложението на оставката на Кржалоски.

Во текот на вчерашниот ден оставки поднесоа и претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова, и потпретседателката и генералната секретарка на Унијата, Лилјана Кузмановска и Лилјана Затуроска, а од функцијата се повлече и досегашниот координатор на сите 10 пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието Драган Данев.

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски