ВИДЕО: „Претседателот на општинската Центар е глуп“

Од:

Владимир Милошев, претседател на ОО СДСМ Штип., на прес конференција објави разговори за кои рече дека покажуваат, како на денот на локалните избори во 2013.та година, Никола Груевски преку секретарката бара во Штип да се забрза акцијата, особено неопределените, сите по список да се извадат на гласање.

Вториот разговор, велат од СДСМ е меѓу Миле Јанакиески и Ванчо Костадиновски, кои договараат пензионерите да ги однесат на викенд во Грција и Србија, и да ги држат на граница за да не гласаат.

Миле Јанакиески, вели Милошев, вели дека не може да се смета на претседателот на општинската организација во Центар, бидејќи за него тој е глуп, и дека нивните ќе ги остави.

Разговор помеѓу Никола Мицевски и Ленче Самарџиевска

ЛС: Ало Никола…

НМ: Ало

ЛС: Здраво, Ленче е од кај Претседателот

НМ: Да, повели Ленче

МС: Те молам Никола да забрзате со акцијата особено со неопределените, сите што…

НМ: Да Ленче…

ЛС: Да ги вадите од дома…

НМ: Да Ленче привршуваме…молам? Да ќе ги вадиме од дома, да Ленче

ЛС: Значи, значи побрзо. Побрзо да се активираме да се извадат сите, секој по три што си предложи, да си ги носат и повратно да имате кој кого извадил

НМ: Да да да, во ред, во ред, списоци ќе…фала

ЛС: Ајде

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Ванчо Костадинов

Би можело да ве интересира

Серија лажни дојави за бомби ги приземји европските авиони: Сомнежот е кон Путин

Драма над Хрватска: „Рафал“ пресретна авион по дојава за бомба

Дојава за поставена бомба во авион кој леташе кон Варшава, леталото вонредно слета, аеродромот е затворен

Аналитичари откриваат која американска нуклеарна бомба би можел да ја употреби Трамп за напад врз планината Пикакс во Иран

(ВИДЕО) Русите погодија трговски центар полн со луѓе – најмалку четворица загинаа

А1он

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му